Приведена мајката на Пино Секондо, го нарушувале јавниот ред и мир на вежбата “Одлучен удар” на плоштадот во Скопје

Во моментов, мајката на убиениот Пино Секондо, Маја Трпковска се наоѓа во полициската станица Беко, каде е приведена со уште две лица, од кои едниот е припадник на движењето Бојкотирам.

Информацијата за Телма ја потврдуваат од МВР, од каде велат дека се работи за нарушување на јавниот ред и мир, додека на плоштадот во Скопје се изведувала НАТО вежбата “Одлучен Удар”.

Според МВР, Маја Трпковска и останатите две лица не почитувале наредба на полициски службеници односно ја попречувале полицијата во извршување на службени дејствија.

Маја Трпковска со месеци изразуваше незадоволство од одделот за потраги во МВР, откако нејзиниот син исчезна во декември минатата година, а немаше никаков напредок во истрагата за тоа каде тој се наоѓа.

Телото на убиениот Пино Секондо беше пронајдено од случаен минувач.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ