
Приведен возачот на Панделевски, ја уценувал неговата сопруга
Личен возач на бизнисмен во притвор, се обидел да изнуди пари и се заканувал на сопругата на притвореник.
Од обвинителството не го откриваат идентитетот на сопругот, ниту на уценуваната, но Телма дознава дека жртва на изнудата била сопругата на Цветан Панделевски од Пелистерка кој е втор месец во притвор за предметот на СЈО – „Империја“.
Според соопштението на Обвинителството, пријавениот во текот на месец ноември 2018 година упатувал сериозни закани преку телефон на оштетена, тврдејќи дека поседува документи со кои би можел да го извади од притвор нејзиниот сопруг.
Но, за да и ги даде документите возачот барал да му исплати 150 илјади евра, но и се заканил дека ако пријави во полиција ќе постави бомба и дека „ќе биде лошо за неа и за нејзините внуци“, информиаат од обвинителството.
Осомничениот е приведен и ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.