
Приведен во полиција синот на радовишкиот градоначалник, тој тврди сам отишол и бил задржан
Приведен во полиција бил синот на градоначалникот на Радовиш, Ѓерасим Конзулов, Ѓорѓи Конзулов, инаку сопственик на познато кафуле во градот. Според соопштението на СВР Струмица, по претходно извршена контрола во угостителски објекти за почитување на мерките за носење на лична заштита, поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл. 382 ст.3 од КЗ, од страна на полициски службеници преземени се службени дејствија против 3 лица Љ.Р (29), Ѓ.К (36) и Р.Т ( 25) тројцата од с. Раклиш, општина Радовиш.
„Лицата се лишени од слобода и задржани во просториите на Полициска станица од општа надлежност Радовиш. И се работи на целосно разветлување и документирање на случајот“. Инаку членот од кривичниот законик кој се споменува во соопштението, се однесува на попречување на службено лице во извршување на должност. Во телефонски разговор за Телма, Ѓорѓи Конзулов изјави дека не бил приведен, туку сам отишол во полиција, бидејќи таму бил негов пријател, при што му било речено дека ќе биде задржан за да даде изјава.