
Приведен убиецот на две улични кучиња во Аеродром
Приведен е малолетник кој пред три месеци искасапи две улични кучиња во Аеродром. Полицијата го идентификувала од снимките од околните камери на кои се гледало како тој ги убива кучињата.
17 годишниот Г.С ќе одговара по член 233 од Кривичниот Законик кој предвидува парична казна или затвор до една година.
Настанаот се случи во септември на булеварот АВНОЈ во населбата Аеродром кога станарите пријавија дека нашле две безжитвони тела на кучиња, а локви крв имало насекаде по булеварот.
Ова не е прв случај на брутално убиство на бездомно животно. Пред три години во Дебаар Маало пред угостителски објект сред бел ден со секира беше убиено куче. На сторителот на овој грозоморен чин му беше изречена мерка за наплата на глоба од 1000 евра.
Теодора Цветковска