Приведен екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски
Вечерва е приведен поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, потврдија за Телма од Кривичниот суд и од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Атанасовски е спроведен во судот каде секој момент треба да почне неговиот распитот пред судија во претходна постапка, кој треба да донесе одлука дали на Атанасовски ќе му одреди мерка притвор која ја побара Обвинителството. Поранешниот директор на,УБК е приведен откако неколку од обвинетите за 27 април во сведочењата го посочија како еден од организаторите на упадот и насилството во Собранието.