Притвореникот кој почина вчера во затворот Шутка е негативен на Ковид-19

Негативен на корона е 23-годишниот притвореник од Гостивар кој вчера почина во затворот во Шутка, потврди за Телма директорот на оваа установа Есад Ракиќ, откако попладнево бил известен за резултатите од тестирањето. Причината за смртта на притвореникот, треба да се утврди со обдукцијата која ја прави институтот за судска медицина, но на починатиот му беше земен и брис за тестирање на Ковид-19.

Од затворската управа вчера објаснија дека претпладнето момчето било на редовна прошетка во дворот од затворот. Кога се вратил во ќелијата, неговиот цимер имал посета од затворските стражари кои разговарале и со момчето и немало ништо сомнително ниту пак тој се пожалил на здравствени проблеми. Во 16 часот биле повторно повикани откако притвореникот не можел да се разбуди од спиење. Починатото момче било во притвор од 18-ти декември.

Минатата недела во истражниот затвор Скопје почина и притвореник за кој посмртно беше утврдено дека бил позитивен на Ковид-19, по што беа тестирани над 30 притвореници и вработени во затворот. Рахиќ претходно информираше дека негативни на корона се тројцата негови цимери, како и сите за кои до сега добиле резултати.

.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ