Притвор за седум лица кои ископувале и продавале археолошки предмети со непроценлива вредност

Судот им определи 30 дневен притвор на седуммина од вкупно 13 осомничени за ископување и продажба на археолошки предмети со непроценлива вредност против кои МВР поднесе кривични пријави. За едно лице, Судот изрече мерки за обезбедување присуство.

Претходно МВР соопшти дека вчера полицијата спровела акција со цел сузбивање на организирана повеќечлена криминална група составена од лица од Скопје, Велес, Струмица, Радовиш, Тетово, Струга и Битола, инволвирана во вршење на кривични дела против културното наследство и природните реткости. Меѓу нив е и таткото на режисерот Јани Бојаџи.

Сите осомничени се товарат дека сториле кривично дело злосторничко здружување. Покрај ова, осомничените сториле и други кривични дела и тоа: изнесување односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, прикривање и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Пронајдените археолошки предмети, што претставуваат добра под привремена заштита, односно културни добра и природна реткост, групата ги продавала и ги изнесувала надвор од Македонија. Со ваквата постапка предметите трајно ги отуѓувале и на тој начин предизвикале непроценлива материјална штета за Македонија.

При претрес на домовите на осомничените пронајдени се предмети под привремена заштита, односно културно наследство со непроценлива вредност сопственост на Република Македонија како и природни реткости прибавени со кривично дело и истите се предадени на идентификација.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ