Притвор за Јанева, оставки од Владата и обвинителите Јовески и Русковска бараат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ повторно побара оставки од премиерот Заев, Владата и обвинителката Рускоска, а притвор за Катица Јанева.Нема поголем доказ за инволвираност од она што го призна Јанева и начинот на комуникација во  објавената видео снимка, вели генералниот секретар на партијата Игор Јанушев. Не даде прецизен одговор дали пратеничката група на најголемата опозициска партија ќе поднесе иницијатива во Собранието за разрешување на Јанева.

СДСМ побара целосно расчистување на случајот и обвини за сценарио кое е подготвено од опозицијата. Прес конференцијата беше одржана пред седиштето на Белата Палата од каде ечеше музика од филмот „Кум“.

Преку својот фејзбук профил се јави и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој побара брзи предвремени парламентарни избори и дека се во прашање месеци кои ја делат Македонија од вистинска обнова.   

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ