Пристапот до чиста вода и канализациона мрежа приоритет за селата во источниот регион

Жителите на селото Спанчево во 21 век ќе добијат фекална канализација, но и прочистителна станица, со што отпадните води ова населено место нема да претставуваат опасност за загадување на оризовото поле и реката Брегалница. Во Чешиново-Облешево, која е најголема рурална општина во источниот регион само две села имаат канализација, а неколку немаат ниту чиста вода за пиење. Градоначалникот, Горанчо Крстев, вели дека обезбедувањето вода и канализациона мрежа е еден од начините да се стопира процесот на иселување на младото население.

Во моментов од  Европската инвестициона банка се работи на 30 проекти со вредност од 10 милиони евра. Во Брегалничкиот регион прочистителни станици имаат само Берово и Карбинци, со швајцарски средства се гради и во кочанско, а Штип чека 20 милиони евра, кои државата треба да ги обзбеди преку европските фондови.

Дополнителни пари општините чекаат и од Турски ТАВ, откако пропадна идејата за изградба на Карго аеродром кај Штип.

Според Сугарески гасоводната мрежа изнтензивно се гради, искористени се 26,7 отсто од предвидените средства, а во изградба на патишта се инвестирани 64 милиони евра.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ