Прислушувањето за кривични истраги оди преку разузнавачката капија на АНБ, тврди Чулев

УБК ја нема, но ништо не е сменето и понатаму мерките за следењ на комуникации за кривични истраги одат преку кабел и посредник односно новата АНБ, изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој смета дека оваа постапка е спротивна на законот, спротивна на разузнавачките реформи и спротивно на препораките на Прибе.

Чулев побарал ОТА да ја исправи грешката и јавно го праша својот претходник Оливер Спасовски, но и директорите на ОТА и на АНБ да кажат зошто законот не е применет повеќе од две години и дали знаеле дека се крши законот Во законот  е предвидено да има директна врска меѓу Оперативно-техничката агенција и истражните органи кои бараат посебна истражна мерка прислушување, а не да оди преку посредник односно АНБ. Премиерот Спасовски пак вели реформите се реализирани и постапките за следење мора да се спроведуваат законски.

Чулев го повика обвинителството да истражи по допрен глас за случајот кој го разбрал пред два дена од службите на МВР. Обвинителството пак вели дека ги следи состојбите и доколку има кривично дело ќе отвори постапка, а го потсетува министерот и МВР дека секој граѓанин и секоја институција имаат обврска да го известат обвинителство и да пријават сомнежи. Министерот за внатрешни рече дека не знае дали можноста е злоупотребена во АНБ, ниту пак прецизираше дали од ваквата поставеност на прислушувањето има штети врз истраги за тешки кривични дела.

Од АНБ најавија реакција во текот на денот, од ОТА не одговорија на нашите повици. Според новите закони, кривични истраги со следење на комуникации може да изведуваат секторот за организиран криминал на МВР, финансиската полиција и царината кои ги спроведуваат истрагите и мерките со обвинителството но без посредништво на новата Агенција за национална бебзедност задолжена за борба против тероризам, висока корупција и антидржавно дејствување.

Миомир Серафиновиќ

Реакција на ОТА:

Попладнево по емитувањето на прилогот, директорот на ОТА Зоран Ангеловски одговори на повикот и рече дека писмото стигнало после прес конференцијата на министерот Чулев и согласно редот, прво ќе му биде одговорено на министерот и на МВР, најбргу што може по што ќе бидат сподделени информации за јавноста.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ