
Приштина и Скопје не постигнаа договор за трговскиот спор
Бектеши и Шала се договорија, трговските забрани за храна ќе се отстранат кога двете држави ќе ги исполнат потребните обврски. Македонската агенција за храна очекува од косовската агенција за храна до петок да и достави извештај од спроведената програма за следење на икрата и материјал за порибување од Косово.
Ваква мерка за забрана за увоз на икра, според министрот Крешник Бектеши не е преземена само за Косово, туку и за сите останати земји кои не го спороведуваат потребниот мониторинг на рибните производи.
И според првиот човек на АХВ Зоран Атанасов , во моментот кога ќе се испрати целосна документација забраните е бидат тргнати.
Според податоците од земјава во Косово годишно се извезува 1.000 тони компири, а извозот на мед е во вредност од околу 400.000 евра годишно.
Теодора Цветковска