
Приоритет на Пендаровски ќе бидат напорите за добивање датум за преговори со ЕУ
Во првите две до три недели сакам да го докомплетирам тимот на луѓе кои ќе бидат мои најблиски соработници и ќе се посветам на тоа што е заеднички напор на целата држава во однос на самитот на ЕУ во Јуни, преку дипломатски напори да добиеме датум за преговори, подвлече во својата прва изјава, новиот претседател на Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Тој додаде дека неговата прва посета ќе биде или во Брисел или на некоја од нашите соседни држави, бидејќи добрососедските односи се предуслов и за соработката со официјален Брисел.
Пендаровски потврди дека уште во раните утрински часови на првиот работен ден ќе ги потпише законите кои се донесени во прописна собраниска процедура, додавајќи дека е срамно дека тие и досега не биле потпишани.