Примопредавањето на предметите на СЈО го одложи „Tранспортер“

Најавениот трансфер на предметите на СЈО во редовното обивнителство го одложи судење за „Транспортер“. Судијката Добрила Кацарска на почетокот на денешното рочиште рече дека постои правна пречка да се одржи затоа што Јанева побарала во рок од 3 дена предметите да бидат префрлени, а репувличкиот обивнител Јовески официјално соопштил дека ќе ги презема а рокот денеска е истечен.

„Денеска не можеме да продолжиме со судењето за да не направиме провреда на пастапката, во оваа ситуација. Се надевам дека следните денови ќе се расчисти ситуацијата во која целото судство е заробено, рече Кацарска.

Обивнителот од СЈО Трајче Пеливанов реагираше на ваквата одлука на судијката но таа му посочи дека по потезите на неговата шефица и изјавата на Јовески не и останува друго да преземе. Тој не сакаше да даде изјава за медиумите по судењето, но неговиот колега Гаврил Бубевски кусо одговори дека не очекува преземањето да ги одолговлечи многу предметите на СЈО. Како ќе се одвива примопредавањето не сакаше да открива најави официјален став од СЈО.

Адвокатите во предметите на СЈО пак повторуваат дека нема законски основ за предавање на предметите. Единствено ако се однесе нов закон со кој ке се предвиди таква процесура може да се предаваат посочуваат од одбраната. Го спорат и тоа што насоката за префрлање на предметите дожа од Јанева која е во притвро токму злоупотреба на нејзината функција.

Јовески вчера за Телма потврди дека се подготвени да ги преземат предметите и обвинителите и дека деновиве ќе се знаат техничките детали за постпаката  и не очекува долго да трае.

Елена Иваноска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ