
Примената на штембилот нe фукнционира
Примената на штембилот кој го содржи името Северна Македонија и кој треба да се втиснува во македонските пасоши не функционира на граничниот премин Евзони меѓу македонско – грчката граница.
Во ова се увери екипа на Телма која утринава се обиде да ја помине границата. Од грчка страна и понатаму се бара пополнување на белите ливчиња. Неофицијално Телма дознава дека инструкциите за важноста на штембилот се уште не биле стигнати од надлежните институции во Атина до граничните служби на Евзони.
Од македонска страна велат дека штембилот со содржина „овој пасош е сопственост на Република Северна Македонија“ се става во пасошите по желба на патниците.