
Прилепски полицаец најден мртов и застрелан во глава
Полицаец е најден застрелан во глава со службениот пиштол во рака вчера попладне во прилепско. Полицијата потврди дека телото на полицаецот вработен во Прилеп е проонајдено и дека е извршен увид.
Обвинителството соопшти дека телото е предадено на обдукција по што ќе се знае дали станува збор за убиство или самоубиство.
-Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника при ПС Прилеп, изврши увид на местото во близина на локалниот пат с.Беловодица-с.Дрен, каде вчера попладне беше пронајден мртов 45-годишен полициски службеник вработен во МВР – ПС Прилеп.
Лицето е пронајдено во лежечка положба до неговото возило, со прострелна рана во главата и службениот пиштол во раката.
Притоа јавниот обвинител издаде наредба за подигање на предмети и траги кои можат да послужат како доказ и наредба за обдукција врз телото на починатиот заради утврдување на причините за смртта, соопштија од прес службата на обвинителството.
Застреланиот полицаец работи во МВР од 2001-ва година, а тогаш бил припадник и на единицата Лавови.
Миомир Серафиновиќ