
Прилеп пред примената на одредбата за задолжително носење заштитни маски
Прилепчани се подготвуваат да обезбедат доволно заштитни маски пред утрешното стапување во сила на одредбата за нивно задолжително носење на отворени и затворени јавни места.
Мерката за нив е прифатлива, а голем дел од граѓаните надвор веќе постојано носат лична заштитна опрема.
Некои побрзаа да купат, други пак велат дека веќе се снабдиле.
-Треба да се носат маски, еве веќе носиме, се снабдив уште претходно, вели прилепчанец
-Ќе ги носиме, но можеби не треба на отворено, но добро ќе ги носиме. Има во аптеките, се снабдивме, вели друг прилепчанец.
Со маски за еднократна употреба граѓаните ги снабдува и општина Прилеп, а волонтери веќе делат пред банките, маркетите и на други локации.
-Во иднина тоа ќе се прави на сите пунктови, секој ден. Сакам да нагласам дека според препораките по едно лие од семејство треба да излегува за набака намирници и лекови во марктеите и аптеките. За нив, кога ќе ја имаме и нивната адреса, ќе им доставиме на домашна адреса рече Илија Јовановски, градоначалник на Прилеп.
Тој додаде дека граѓаните веќе ја сфатиле сериозноста на ситуација, па пред банките и маркетите се почитува социјлната дистанца, а војската и натаму е задолежена за воведување ред. Од утре ќе контролира дали граѓаните носат заштитни маски.
-Подготвивме посебен оперативен план за присуство и дејствување на полицијата на територијата на Општина Прилеп, преку користење на засилени патроли, рече Јовановски.
Во Прилеп досега има вкупно 117 заразени од КОВИД-19, а 8 се здравствени работници. Денес нема регистрирани новозаболени.
Во прилепската болница се лекуваат 24 пациенти. Околу 500 лица се наоѓаат во самоизолација.
Емилија Мисирлиевска