
Прилеп и Струмица ги откажаа карневалите заради коронавирусот
По препорaка на владата и министерството за здравство, како превенција за ширење на коронавирусот, Прилеп и официјално го откажа карневалот „Прочка 2020“.
Откажани се и сите активности кои требаа да започнат денеска па се до цнетралниот настан в недела кога требаше да се одржи големото карневалско дефиле за кое беа пријавени околу 1000 учесници од земјава и странство, а во Прилеп е откажано доаѓањето на 40 гости од Федерцијата на европски карневалски градови.
-За жал на сите денес мора да кажеме дека го откажуваме овој голем настан кој што со нетрпени го очекуваме ние, граѓаните, гостите. Но, тоа е во интерес во заштита на граѓаните на сите учесници од земјата и странство, рече Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.
Настанот годинава нема да се одржи рече прилепскиот градоначалник, но традицијата продолжува следната година.
И прилепчани се разочарани затоа што карневалот секоја година го очекуваат со нетрпение, но сепак велат добро е што се преземаат превентивни мерки.
-Со душа го чекаме, со месеци ги подготвуваме аските на сите гости им откажавме. Но сепак добро е што превентивно се откажува, се работи за здравјето на луѓето, велат прилепчани.
Откажан е и струмичкиот карневал, иако синоќа се одржа концертот под маски, што е само една од активностите во осумте карневалски денови.
На карневалот во Струмица се очекуваа околу 3000 маскирани учесници од Македонија, од земјите од регионот, како и повеќе европски држави.
Емилија Мисирлиевски