
Прилеп е избрана за најеколошка општина
Наспроти енормното загадување зимава откако Прилеп за првпат постави една мерна станица во центарот на градот, денеска е избрана за најеколошка општина. Наградата доaѓа по избор на компанијата Пакомак, која својата одлука ја темелеше врз основа на повеќе критериуми – селекција на отпадот, одвоени средства од општинскиот буџет за екологија, реализирани еколошки проекти, зелени површини и друго.
Прилепчани велат дека се вклучени во процесот на селекција отпадот, имаат соодветни контејнери, но не сите го спроведуваат селектирањето. За хигиената во градот, велат секогаш може подобро.
Вторнонаградена е општина Кавадрци, a третото место го делат скопските Карпош и Центар. Сите заедно со Прилеп се на листите со високо аерозагадување. Компанијата Пакомак ги награди најеколошките општини, но даде одговор одговори кои градови се на дното на еколошката листа.
Емилија Мисирлиевски