
Прилеп ангажира волонтери кои ќе вршат набавка и достава за повозрасната категорија граѓани
Прилепската локална самоупрва ангажира повеќе тимови волонтери, заштитени според сите стандарди, кои ќе вршат набавка и достава на храна, лекови и други артикли за повозрасната категорија граѓани, како и лицата со посебни потреби. Целата е да се намали фреквенцијаата низ градот и да се заштитат овие граѓани од евентуална зараза со коронавирусот. За оваа намена од денеска во функција ќе биде ставена бесплатна телефонска линија.
Акредитирани волонтери од општина Прилеп, опремени со заштитни средства, после телефонскиот повик, ќе ги посетат граѓаните во нивните домови и со средства од граѓаните, ќе ги набават потребните артикли од маркети и аптеки по избор на самите граѓани и ќе ги достават во нивните домови, изјави градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски.
Тој апелира маркетите да се подготват за онлајн нарачка и достава на артикли до домовите на граѓаните, а стопанствениците и бизнисмените да ја покажат својата хуманост.
Апелирам на повисока општестевна одговорност и сакам јавно да ги повикам стопанствениците и бизнисмените од нашиот град, во овие моменти на справување со Коронавирусот, да им излезат во пресрет на социјално-ранливите категории на граѓани, преку донирање на прехрабени артикли и средства за хигиена и дезинфекција.“, изјави Јованоски.
Јовановски ги повика граѓаните кои не спаѓаат во овие категории да не ја злоупотребуваат бесплатната телфонска линија, но и повика на свесно, совесно и одговорно да се однесуваат и да ги почитуваат мерките и препораките од Владата.
Емилија Мисирлиевска