Пријави за ученичките кои тепаа другарка во Неготино

Полицијата достави кривична пријава до јавното обвинителство за трите ученички од НЕготино. Се сомничат дека сториле кривично дело насилство. Понатамошното постапување ќе биде условено од законските одредби и возраста на децата кои имаат 13, 14 и 15 години  Според јавното обвинителство, поблаг третман е предвиден за лица под 14 години.

ОЈО ТЕЛОП Она што може Јавното обвинителство да направи за деца под 14 години е да се упати барање до центарот за социјална работа за превземање дејствија предвидени со закон како што е  на пример советувањето. Пред да биде донесена одлука за тоа каква ќе биде постапката  против 15 годишното девојче ќе бидат превземени дејствија за утврдување факти за расветлување на настанот.

Кривична пријава е поднесена и против вработен во агенцијата  која која го обезбедува училуштетп  поради сомнение за несовесно работење, односно како што пишува во известувањето не ги извршувал дејствијата  кои бил должен да ги извршува. Очигледно е дека се бара одговорност, но таа не треба да се бара кај нас вели сопственикот на агенцијата СОС.Според него,  Училиштето има два влеза и невозможно е да се контролираат сите деца, а овој инцидент се случил кај самата ограда на училишниот двор

Снимката на која се гледа како две ученички брутално тепаат и влечат за коса друга соученичка , додека останатите деца само немо набљудуваат без да превземат нешто ја шокираше јавноста. По препорака на ДПИ; На двајцата класни раководители им беше одземено раководството со одделенијата бидејќи навреме не превзече соодветни педагошки мерки, а на  ученичките им е намалено поведението

Сања Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ