Прифатено обвинението за настаните во Собранието од 27 април

На eксминистерот за внатрешни Чавков, петмината пратеници, организаторите на протестите и  уште дваесетмина обвинети ќе им се суди за крвавиот четврток. Советот за оценка составен од тројца судии го потврдил обвинението за терористичко загрозување на уставниот поредк, со кое обивнителството докажува дека постоела организирана група зад насилниот упад во Собранието.

„По детелно разгледување на сите приговори поднесени од одбраната и обвинетите како и ценење на фактите и доказите приложени во обвинителниот акт донесе решение со кое го одобри обвинителниот акт во целост“, велат од Кривичниот суд.

Деновиве ќе се знае и во рацете на кој судија ќе биде распределен предметот за 27 април според АКМИС-от велат од судот, по што ке биде закажан термин за судењето. Со оглед  на тоа дека е притворски предмет можно е да почне и за време на летото.

Адвокатите допрва ќе ги анализираат обвразложенијата на судот. Приговарале и за правната квалификација и за доказите.

Адвокатите реагираат дека судот бил некоректен и покрај тоа што барале јавна седница на која ќе можат лично да ги кажат аргументите и приговорите судиите се состанале зад затворени врати, но од судот велат дека проценката на советот била на седницата да нема јавност.

Според ексразузнавачот Слободан Богоевски без одговор кој го организирал и нарачал упадот во Собранието нема смисла судската постапка. Вели без одговорност на највисоките функионери делото нема смисла.

Во обвинението стои дека контактите меѓу дел од обвинетите на 27 април започнале по телефонскиот разговор меѓу обвинетиот Александар Василевски Нинџа и обезбедувач на Груевски кој тогаш беше во Виена. Груевски рече дека Василевски имал семеен разговор со својот брат кој е дел од  неговото обезбедување и ако имало било каков доказ против него до сега ќе бил обвинет.

Груевски денеска беше на судење за предметот на СЈО „Насилство во центар“. Пред судот се сретна и разговараше со пратеникот Јохан Тарчуловски кој заедно со оперскиот пеач Игор Дурловски излегоа во исто време од судот, откако се пријавија како дел од мерките на претпазливост. Не сакаа да дадат изјава за медиумите.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ