Прифатена гаранцијата од 500 илјади евра за Поповски од МВР

Недвижен имот вреден 540 илјади евра е новата гаранција која ја понудил на екс началникот на МВР, Оливер Поповски обвинет за 27-ми април за да се брани од слобода. Кривичниот суд ја прифатил ваквата гаранција потврди за Телма неговиот адвокат Панче Нефтенов, но за да излезе од Шутка потребно е да стане правосилна, односно да пројде и на Апелација. Од судот му определиле и мерки на претпазливост, еднаш неделно да се јавува во суд и одземање на пасошот.

Поповски минатиот месец понуди имот вреден 125 илјади евра. Кривичен ја прифати и таа гаранција, но по жалба на обвинителството, Апелација оцени дека таа сума не е пропорционална на тежината на кривичното делото за кое се гони и не претставува ефикасен механизам за обезбедување на присуство. Новата гаранција е неколкупати повисока.

Од обвинителството за организиран криминал велат ќе поднесат жалба и сметаат дека дека за кривично дело како терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, не треба обвинетите да се бранат од слобода.

Претходно со гаранција од речиси 600 илјади евра вреден имот судовите го пуштија екс министерот за внатрешни Чавков да излезе од Шутка. Деновиве е актуелен и по инцидентот во кафеана во струмичко за што струмичанец пријавил во полиција дека бил нападнат од неговатот друштво, а Чавков му се обратил со зборовите – Што ме сликаш?!

Чавков пак одговори дела случајот бил конструкција, а од струмичката полиција за Телма, вчера потврдија дена во наредните денови ќе го расветлат целосно случајот. Земени се изјави од сведоци и од пријавените полицајци како и снимки од безбедносни камери од угостителскиот објект каде бил инцидентот. Чавков е 6-то обвинет за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ за “Крвавиот четврток“.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ