
Причеста во време на пандемија
Вака изгледаше утрово Соборниот храм на Велики Петок, верниците го почитуваа пропишаното растојание палејќи свеќи и брзајќи да ги завршат сите подготовки за Велигден. И покрај мерките граѓаните со поделени мислења дали ќе присуствуваат на божествената литургијата во вторник на причеста со исто лажиче, бидејќи секој сам ќе одлучи на кој начин тоа ќе го направи.
За отец Пимен секој треба да се почитува полицискиот час и ние ги повикавме луѓето на разумност, да се почитуваат мерките на претпазливост се додека не помине пандемијата со Ковид 19 вели тој.
Луѓето и надвор од постот може да се причествуваат постојано кога сакаат сите оние што го држат духовниот живот, значи можат секоја една недела.Затоа ја дадов таа препорака дека може да размислиме кога ја имаме таа можност да се причестиме и кога ќе заврши тој пик на пандемијата, кога ќе поминат сите тие ризици дека и тогаш можеме да го направиме тоа причестување. Значи не мораме сега да кршиме ѕид со глава и да одиме во таложење на гневот на оние што упорно се зафатија со лажичлата и ни ја вадат низ нос дека сме ние неодговорни и дека ќе придонесеме за ширење на пандемијата и од друга страна да се смири гневот на сите оние луѓе кои сакаат да го направат причествувањето, а не се во можност да го направат тоа.
Во врска со последните случувања со Македонската православна црква реагирапше и Европската комисија потсетувајќи дека сите чинители во општеството се должни да го заштитат здравјето на населението.
Нина Стефанова