
Презентиран текстот на предлог-законот за амнестија
Координативното тело за помирување го презентираше денеска текстот на предлог законот за амнестија, но тој денеска нема да биде ставен на дневен ред на денешната собранска седница. Предлог законот ги содржи делата кои што нема да бидат опфатени со амнестијата. Како што објаснија копретседавачките Фросина Ременски и Емилија Александрова со амнестијата нема бидат опфатени лицата кои според обнинието се теретат за за здружување на непријателска дејност, лицата кои влегле со оружје, била маскирани и се однесувале насилно. Секој од обвинетите или осудените мора да поднесе индивидуално барање во рок од пет дена, а одлуката ќе носат јавното обвинителство и судот.