
Презакажан распитот за пратеникот Димовски
Пратеникот Љупчо Димовски уредно се појави во судот на закажаниот распит, но бидејќи собранието се уште не му го одзеде пратеничкиот имунитет, судот го презакажа распитот за в петок.
Собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања посочи дека треба да му се одземе пратеничкиот имунитет на Димовски, кој го заштитува од судски прогон во моментов. за таа одлука надлежно е собранието кое треба да расправа на пленарна седница и за што е потребно двотретинско мнозинство.
Претходно, судот замрзна имот и сметки на притворените поранешни министри за земјоделство Михаил Цветков, Александар Спасеноски и Христијан Делев, како и на Димовски. Одлуката е донесена на барање на обвинителството за организиран криминал. Четворицата се осомничени дека ја злоупоребиле службената положба, со што го оштетиле буџетот за еден и пол милиони евра.