
Превртен автобус на автопатот Тетово-Скопје, има и жртви
Автобус полн со патници се преврте на автопат Тетово-Скопје кај селото Ласкарци денеска околу 17 часот, но од МВР се уште нема официјални информации за евентуални жртви и повредени.
На лице место се упатени и протипожарни екипи да помогнат во извлекување на повредените, а болниците во Скопје се мобилизираат да ги примат повредените.
Несреќата според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.
МВР наскоро најави повеќе информации за несреќата.
Во недостаток на официјални информации, Телевизја Алсат М јавува дека има три жртви и повеќе од 20 повредени.
Репортерите на Телма се на терен- наскоро повеќе информации.