Преводот најголем проблем за спроведување на законот за јазици

Законот за употреба на јазиците постепено се имплементира но проблем и натаму останува преводот.

Станува збор за 1300 институции поради што преведувањето на документите мора да биде точно и прецизно. Токму поради немањето доволно преведувачи дел од коресподенцијата се врши само на македонски јазик.

Работната група за спроведување на Законот на денешниот состанок заклучила да  се интензивира соработката и да се овозможат подобри услови за работа на новоформираната Агенција.

Во наредниот период ќе се формира и Инспекторат кој ќе се грижи за спроведување на Законот како на централно така и на локално ниво.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ