
Превирања меѓу синдикатите во образованието за едностраниот колективен договор
Независниот синдикат за образование и наука со жестоки реакции околу Колективниот договор кој важи само за членовите на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура а со кој се отвара пат за раличен третман и приходи за вработени во образованието само затоа што се или не се членови на некое од синдикалните здруженија. Тие побараа одговор од министерството дали стои зад овој колективен договор и СОНК.
Тој ги обвини СОНК за негативна кампања и притисоци како и уцени дека нема да им бидат исплаќани додатоци како оној за класно раководство кој е во висина од околу илјада денари и најави дека нема да преговара или соработува со другиот синдикат.
Гиевски најави дека ќе биде обезбедена бесплатна правна помош за сите вработени во образованието од кои евентуално ќе се побара да станат членови на СОНК.
Доколку барањата не им бидат уважени односно договорот повлечен од независниот синдикат најавија протести кои ќе ги поддржи и конфередацијата на независни синдикати.
Според Колективниот договор кој СОНК го потпиша од министерството за образование само неговите членови ќе може да уживаат извесни привилегии како поголем број на денови одмор и поголем личен доход преку додатоци.
Огнен Чанчаревиќ