Претседателски избори на 21-ви април, објави спикерот Џафери

На денешната прес конференција, претседателот на Собранието Талат Џафери објави дека претседателските избори ќе бидат закажани на 21-ви април.

Изборите ќе ги распише на 8-ми февруари, изјави Џафери.

Доколку има втор круг претседателски избори тие ќе се одржат на 5-ти мај.

Мандатот на Иванов истекува на 12-ти мај.

Во рок од една недела доколку има приговори на изборниот процес во вториот изборен круг ќе треба да се решат за помалку од една недела за да се избегне дупка меѓу мандатите на двајца претседатели. Иванов нема можност за трет мандат.

Меѓу двата круга( евентуални) ќе биде Велигден.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ