
Претседателот Пендаровски потпиша укази за прогласување на уште 18 закони
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување на 18 закони, кои не беа потпишани од поранешниот претседател Ѓорге Иванов.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателот Пендаровски, меѓу потпишаните се указите за прогласување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, на Законот за бесплатна правна помош, на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, на Законот за дополнување на законот за служба во Армијата на Република Македонија, на Законот за прекинување на бременоста, на Законот за изменување и дополнување на законот за субвенционирање на станбен кредит.
–Имплементацијата на овие закони носи многу придобивки и законските решенија се од суштински интерес за граѓаните на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.
Со Законот за спречување и заштита од дискриминација се обезбедува принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи. Законот ги заштитува лицата со попреченост и ги воведува родовиот идентитет и сексуалната ориентација како основа за заштита од дискриминација.