
Претседател избран со кредит и политичка хипотека – партиски реакции за инаугурацијата на Пендаровски
Државата доби претседател избран со кредит и политичка хипотека, порача Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ по инаугурацијата на Пендаровски. Не открива за какви фактури и хипотеки станува збор. Му посака успех на новиот претседател во петгодишниот мандат и предупреди да не се злоупотреби апсолутната власт.
ДУИ возврати, најголемата фактура што е испорачана е консензуалноста и што победиле нивните политики.
СДСМ очекува Пендраовски да ги обедини сите и да го обезбеди напредокот на државата на патот кон ЕУ и НАТО.
БЕСА ќе соработува со Пендраовски за сите прашања кои се од стратешки интерес.
Поголемиот дел од партиите не го коментираа отсуството на премиерот на инаугурацијата со исклучок на ВМРО-ДПМНЕ кое смета дека е многу чудно што на свечинот чин присуствувале државници од соседните држави, но не и Заев.
Јулијана Пешевска