Физички и вербално нападната медицинска сестра на КАРИЛ

Роднинa на пациент, кој починал, физички нападнал медицинска сестра од КАРИЛ. Таа нема тешки телесни повреди, но била многу вознемирена поради што ќе оди на психијатриска проценка.

Од КАРИЛ апелираат да престанат ваквите појави затоа што ова за нив е своевиден мобинг кој им оневозможува професионално работење. Министерот Филипче најави за попладнево средба со министерот за внатрешни, на која треба да се договорат како во иднина ќе се обезбедува клиниката.

– Медицинската сестра не се здобила со тешки телесни повреди. Таа сега ќе оди на боледување и на психијатриска проценка за да можеме да и помогнеме во овој процес да соочи со ваквата ситуација. Таа била буквално изненадена од нападот. Многу е вознемирена, како и целиот персонал. Денес се работи во тешки услови. Во суштина многу често се случуваат вакви работи. На Ургентен и на КАРИЛ сме да удар на роднините на пациентите. Сите пациенти кои доаѓаат кај нас се најтешко болните. Најостро го осудувам овој акт кој е осуден и од целиот персонал на КАРИЛ. Сакаме поголема заштита. Апелираме до граѓаните да не остават да ја работиме нашата професионална работа. Никој не може добро да работи кога има ваков мобинг, ниту пак закани по живот и семејство, изјави раководителката на Клиниката за анестезија, Маја Мојсова

Филипче рече дека го осудуваат секој вид насилство врз здравствените работници. Според него, тоа не е начин на комуникација, ниту начин на решавање на проблемите посебно не со медицински персонал кој деноноќно се бори за животите на најтешките пациенти. Посочи дека ја разбира болката на семејството, меѓутоа ова не е начин на кој каков било проблем може да се реши.

– Со министерот за внатрешни имав телефонски разговор и во текот на денот или утре ќе ги разгледаме сите алтернативи кои ни се на располагање за да ја зголемиме безбедноста тука во кампусот и на критичните места на клиниките, пред се мислам на Ургентниот центар и таму каде во текот на ноќните часови има најголема фреквенција на пациенти. Не може да се забрани посета. Сметам дека најсодветно е тоа да бидат припадници на МВР и во таа насока ќе биде дискусијата, додаде Филипче.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ