
Пресуда за заканувачот Емил Јакимовски
Една година и осум месеци пресуди судијката Џанета Бектович за заканувачот Емил Јакимовски, но претходно ќе мора да се лекува во психијатриската болница во Бардовци. Вештакот утврдил психичко растројство кај Јакимовски па тој по лекувањето ќе ја одлежува затворската казна.
Судот утврдил дека го сторил кривичното дело загрозување на сигурноста, кога и се закануваше на новинарката Мери Јордановска и на неговата поранешна сопруга Драгана Јакимовска.
Обвинителката Наташа Сарамандова побара а судот одобри притворот да му биде продолжен се до правосилност на пресудата.