Препукувањата во пливачката федерација врз грбот на младите пливачи

Најдобриот македонски млад пливач Андреј Стојановски иако денеска требаше да ја преставува нашата држава на Комен куп, конфедерација на медитерански земји, во последен момент бил отстранет од стартната листа. Стојановски бил уредно пријавен на купот и било потврдено од организаторот дека ќе настапи под референцата МКД.

Според организаторот на купот, Стојановски е отстранет поради писмо испратено до нив од страна на поранешниот претседател на пливачката Федерација Алекдсандар Маленко кој побарал да не му се дозволи учесtво на Андреј. Поради ова писмо, иако младиот пливач освоил шесто место тоа не било признато. Слична ситуација со младите пливачи имало и во Лексовац на меѓународен турнир а пред три месеци и на Комен купот во Бугарија.

Александар Маленко кој тврди дека е актуелен претседател на Пливачката федерација на Македонија за Телма изјави дека тој не забранува на децата да пливаат но бара од пливачките клубови да го следат законот и прописите кога настапуваат на меѓународни натпревари.

Сепак на сајтот на пливачката федерација спротивно на тврдењето на Маленко стои името на друг претседател, тоа на Александар Филипчев, кој е потпишан на сите одлуки и соопштенија на федерацијата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ