Преписка за автентично толкување

Не стивнуваат реакциите по вчерашната одлука на законодавно правната комисија дека нема потреба од автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување. Заклушкото на комисијата се разликува од претходно даденото мислење на Владата.

Од министерството за правда велат дека ако Уставниот суд го укине или поништи членот 11 а, тоа нема да има влијание на помилувањата, затоа што Собранието потврдло дека тие се невалидни, односно дадени на непостоечки член, и се ништовни од моментот на давање. Од ВМРО ДПМНЕ прашуваат зошто комисијата одлучила да постапи спротивно на Владинот став.

Претседателката на законодавно правната комисија Соња Мираковска смета дека тие донеле правилна одлука а Уставниот суд треба да го почитува мислењето на законодавниот дом..

Премиерот Заев не одговори дали имало или не координација пред да го даде Владата своето мислење. Најбитно според него е што се докажало дека поранешниот претседател Иванов не можел да помилува врз основа на непостоечка одредба.

Извештајот на законодавно правната комисија треба да се најде и на дневен ред на собраниска седница по што се очекува Уставниот суд да ја донесе конечната одлука, дали Иванов имал или не право да ги повлече еднаш дадените помилувања за обвинетите од СЈО.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ