Препазлива и правилна употреба на заштитна опрема препорачува епидемиологот Микиќ

Нема потреба да се носи маска кај здрави луѓе на отворена средина, порачува епидемиологот д-р Владимир Микиќ во вечерашното издание на Топ Тема на Телма. Иако го користиме како уште една мерка за заштита и внимание тоа честопати може да биде контрапродуктивно, вели д-р Микиќ.

Надвор е свеж воздухот, убаво е времето. Ако ја држиме оваа социјална дистанца од два метра, при нормален разговор и при нормална комуникација ризикот е речиси нула. Особено на отворен простор, вели д-р Микиќ.

Препорачливо е носење маска доколку одите на лекар, доколку користите јавен превоз или имате контакт со заболено лице, појасни епидемиологот. Д-р Микиќ препорачува и многу претпазливо користење на заштитните ракавици.

Луѓето кога ќе стават ракавици мислат дека ја завршиле работата и сега се сигурни и можат да фаќаат што сакаат, заштитени се. Меѓутоа ние несвесно во текот на денот најмалку 20 до 30 пати го фаќаме лицето, дали очите, дали носот, дали устата, дали местиме наочари. Ако ги имаме ракавиците а пред тоа не сме ги измиле рацете а допреме загадена површина и ја пренесеме на лицето, како да не сме ги носеле. Од тој аспект можеби е подобро ракавиците во нормален живот да не се носат, вели д-р Микиќ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ