Преминот Клепало надеж за пустото Берово

Туристичко Берово живее само за викендите, од понеделник до петок низ улиците е тивко и може да се види по некој жител.

Иселувањето на младите од Малешевскиот регион кон Скопје или странство го опустошија овој живописен крај.

Семејството на Владо Димовски е иселено во Германија и Англија, забележува дека секое утро кога оди кон својот камп нема на кого да му каже добро утро.

Но, отварањето на граничниот премин Клепало е нова надеж за жителите на малешевскиот регион, кој ќе им донесе повеќе туристи, но и нови фабрики.

Со пуштањето на овој премин до бугарската општина Струмјани се скратуваат вкупно 130 километри.

Искршени се прозорците на објектите на преминот Клепало, насекаде има отпад и се гледа дека овде со години никој ништо не санирал. Но, според надлежните до 2020 година овие објекти, каде што ќе бидат сместени  македонските и бугарските гранични служби ќе бидат реновирани, а деновиве повторно почна и реконструкцијата и рехабилитацијата на патот од Берово до Клепало. Со 89 милиони денари се реконструира делницата , долга околу 16 километри.

Од бугарска страна,  годинава треба да се асфалтираат последните километри  од Струмјани до  Клепало.

Инаку договорот меѓу  двете страни за отварање на овој граничен премин е потпишан пред 26 години, но и за премините Црната скала кај Делчево и Ајдутски кладенец кај Пехчево

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ