
Премиерот Заев ќе се сретне вечерва со помалите коалициски партнери
За 20 часот вечерва е закажана средбата на премиерот Заев со помалите коалициски партнери. Се очекува пристигнувањето на лидерите на политичките партии во претседателската вила на Водно, каде на барање на претседателот Пендаровски беа повикани на средба, откако Македонија не доби одлука од ЕУ лидерите за старт на пристапните преговори.
Премиерот Заев во обраќањето до јавноста побара предвремени избори, а денеска на ФБ профилот напиша дека „сега сите ќе треба двојно повеќе да работиме, и да направиме за да сме двојно подобри. Промените и реформите не ги носи една влада, или 20 луѓе. Треба сите да се промениме и реформираме, сите два милиони…“
Се очекува на денешната средба да биде договорен датумот за предвремените избори.