Премиер Албанец – тема со краток ефект?!

Теми со краток ефект кои го одвлекуваат вниманието на народот од суштинските проблеми. Вака професорот и социолог, Илија Ацески, ги коментира последните јавни препукувања околу тоа, дали и кога ќе има избори и кој да биде мандатар, во време кога бројот на заразени од корона вирусот расте.

Случувањата околу парламентарните избори, вели Ацески, се пресликува и на УКИМ, каде по секоја цена се бара избор на ректор, но не и начини како да се подобри квалитетот на образованието. Овие кратки ефекти, тврди, го зголемуваат разочарувањето кај народот, кој во ситуацијава очекува решенија за суштинските теми, како економијата и образованието каде се покажаа бројни слабости.

А партиите и денеска продолжија со истата реторика. Али Ахмети преку соопштение го повтори повикот за обединување на партиите на Албанците, кон една цел-премиер Албанец. Тие му вратија дека барањето му е неприфатливо во време кога е заглавен во корупција и афери. Заев веднаш на фејсбук му порача дека, ако инсистира на идејата, ДУИ нема да биде дел од новата влада, додека ВМРО-ДПМНЕ потсетија дека идејата за кандидат за мандатар е нивна. Во меѓувреме, социјалните мрежи вријат од реакции на граѓаните кои бараат политичарите да го свртат вниманието кон суштинските теми, пред се, здравјето.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ