Преквалификација на млади луѓе за да можат да најдат работа во својата држава

Битолчанка Мила Најденовска  е меѓу оние млади  луѓе кои  одлучија да не заминат во странство и  да останат во родниот град.  Завршила Технички факултет, се уште е невработена, па на 27 години одлучи да се преквалификува и да учи компјутерски вештини за полесно да најде работа во ИТ секторот. Таа е еден од учесниците во проектот „Дизајнира ја својата работа“  кој е финансиран од Еразмус плус програмата  за преквалификација на млади и невработени лица.

-Последните 10 месеци интензивно работевме, почнавме од нула, буквално од почетно ниво. Потоа со слеедење на професори, го зголемивме нашето знаење, така што сега сме спремни да работиме во некоја фирма. Целта ми беше да  останам тука во Битола, да не замислувам дека сакам да одам во странство и да немам таква желба, вели Мила Најденовска.

Овие интензивни информатички обуки  ги посетуваат учесници со   завршени различни  факултети, а некои немаат високо образование. Проектот партнерски се спроведува во Битола и Нови Сад,  Србија, а целта да се намали бранот на иселување на младите луѓе, проблем на сите земји во опкружувањето

-Според нашите истражувања, голем број малди се иселеуваат надвор од државата, но  има и се погоем број на компании кои што се отвораат и нудат вработувањата во ИТ секторот. Проектот го направивме за да извршиме преквалификација на млади луѓе за да можат да најдат работа во својата држава, да останат да не заминат во Западна Европа, како што е тренд во Западен Балкан, рече Катерина Поповска, од НВО Сфера-Битола.

Иако нема точни статистички податоци колку млади луѓе ја напуштиле Битола, се повеќе се зборува за масовно иселување од градот. Поради ваквиот тренд, невладинитот сектор се  насочува кон активности со кои се убедуваат младите да останат дома и тука да ја палнираат својата иднина.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ