
Преку вегетацијата во речните корита и каналите до биогориво
Трската и другата нискостеблеста вегетација која неконтролирано расте во каналите и речните корита и предизвикува поплави во Пелагонија, ќе се користи за производство на биогориво. Во проектот финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка на ЕУ, вклучени се општините Новаци од македонска и Аминдео од грчка стрна, каде со топлинската енергија од земјоделскиот отпад ќе се затоплуваат градинки и училишта.
Со тоа ќе се чистат каналите и земјоделскиот отпад, оти земјоделците не ретко знаат да го палат и претставува опасност од ширење на пожари, загадување на животната средина, а знаеме и дека јавните згради за затоплување ги користат фосилните горива кои исто така предизвикуваат загадување“, рече Златко Сирета, проект менаџер од АПРЗА.
Општина Новаци за овој прокет ќе добие над 200 илјади евра, од кои 15 проценти ги кофинансира.
Во прва фаза ќе набавиме трактор со приколица , втора фаза приклучни работи за тракторот и трета фаза котелот за парно греење, рече градоначаникот на Новаци, Љубе Кузманоски.
Партнерите од Грција велат дека ќе се црпат искуства од европските земји
Минатата недела бев во Рованиеми, селото на Дедо Мраз во Финска, конкретно дискутиравме како да ги искористиме нивниот земјоделски отпад за загревање простории. Заинтересирани сме да го пренесеме тоа искуство на локалните актери и тие да заклучат што е интересно за нив, рече Јанис Калас, директор на кластерот за биоенергија и енергетика во Кожани, Грција.
Во соседната Општина Могила веќе се произведува биогориво од слама, а сега за првпат кај нас ќе се добива топлинска енергија од трска и друга нискостеблеста вегетација.
Емилија Мисирлиевска