Преку окрупнување на земјиштето до поконкурентно земјоделство

На десетата по ред ЛЕНДНЕТ работилница, 140 експерти од 30 земји и организации од Европа и Азија дискутираат за препораките на ФАО за окрупнување на земјоделските површини.Во Македонија постои оргомна расцепканост и недоволно развоена земјоделска инфраструктура. Консолидација на земјоделските површини  според владата е почетна точка за создавање активни претприемачи, земјоделци кои ќе бидат спремни да им конкурираат на земјоделците од Европските пазари

„Најголем проблем и основен лимитирачки фактор за поголема конкурентност е малата површина на земјоделски стопанства и големата арсцепканост. Тоа го ограничува обемот на производство, ги зголемува производствените и траспортни трошоци и ја лимитира примената на технологијата. Наша цел е да се зголеми конкурентноста, да се подобрат условите за живот во селата и да се искористи користење на природните ресурси“, рече министерот Николовски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ