Прекршочни за седум декани од ДКСК

Од вкупно 28 декани за кои антикорупциска отвори постапка, 23 поднеле анкетни листови за имотната состојба, додека пет сè уште немаат поднесено Од комисијата за “Независен” велат дека донеле заклучок против нив да се поведе прекршочна постапка.

Станува збор за декани на државните универзитети свети Кирил и Методиј, Гоце Делчев-Штип и мајка Тереза.

„По прибавување на податоци и документација, утврдено е дека деканите Влатко Шешов, Роберта Апостоловска, Ратко Дуев, Зоран Ракиќевиќ и Драгана Кузмановска имаат доставено анкетни листови надвор од законски утврдениот рок, додека деканите Киро Ивановски и Кирил Сотировски воопшто немаат доставено анкетни листови..

Антикорупциска против сите седум наведени декани ќе ја продолжи прекршочната постапка, посочуваат од антикорупциската комисија.

Анкетниот лист за имотната состојба, согласно законот, треба да се поднесе во рок од 30 дена по стапувањето на функцијата.

Во меѓувреме антикорупциска врши проверка за тоа дали имаат доставено анкетни листови и деканите на останатите државни универзитети.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ