
Прекршочна пријава за градоначалникот на Неготино Тони Делков од антикорпуциска
Во 2017-тата ја превзема функција грдадоначалник, а веќе наредната година на местото технички секретар на општината ја вработува сопругата на неговиот прв братучед. Тони Делков градскиот татко на Неготино тоа го сторил почитувајќи го законот. Останаите двајца кандидати имале некомплетни документи, и Антикорупциска комисија не гледа ништо спорно во при вработувањето, затворајќи го предметот.
Сепак, Делков не внимавал доволно кога ангажирал други вработени. Антикорупционерите утврдиле дека Делков потпишал вработувања на нови лица за време на изборна кампања, и затоа заработи прекршочна пријава.
По, изнесените наводи за измами на граѓани и криминал на вработена во УЈП коишто беа објавени во истражувачката емисија КОД на Телма телевизија, жртвите на службеничката Розмарин Стојковска одлучиле случајот да го пријават и кај антикорупционерите. Оттаму, повее детали чекаат од јавното обвинителство.
Павле Беловски