
Прекинатиот железнички сообраќај ќе има катастрофални последици врз индустријата
Прекинот на железничкиот сообраќај Велес Гевгелија ќе предизвика катастрофални последици врз металската индустрија. Дефектот на мостот на Црна река во близина на Стоби, ги стави сите товарни возови на чекање. Компаниите не можат ниту да ја донесат суровината, старо железо од Солунското пристаниште ниту навремено да ги испорачаат договорените готови производи за Португалија, Италија и Шпанија.
„Веќе е доведена во прашање работата на погонот челичарница зашто имаме 9000 тони заробени полуфабрикати старо железо од кои 30 вагони се веќе товарени и се наоѓаат на друга страна од дефектот, плус 30 вагони празни што треба да се товарат“, истакна Иван Банов, Макстил.
Во ситуација на целосна железничка изолација на земјата, компаниите од металуршкиот сектор бараат алтернативен товарен транспорт на производите, но тоа е речиси невозможно велат тие. Камионскиот превоз е ограничен поради габаритот на лимовите кои како готов производ се долги и по 13 метри а железницата преку Бугарија ќе ги зголеми трошоците и времето на испорака.
„Апел до Македонски железници и до владата да ги вложат сите напори за да го санираат овој дефект за да коридорот се оспособи за непречен транспорт. Трошоците ќе се големи и директнино и неипсолнувањето ан обврските со роковите за испорака, можно е да плаќаме пенали“, Вели Банов.
Атрактивсноста на Коридорот 10 е од големо значење бидејки со попречување на товарниот транспорт се губат и транзитните товари што се реализираат преку македонија со што државата губи одреден финансиски надомест, велат од Стопанската комора.
„Важно е да се има информација колку долго ќе трае застојот. Доколку станува збор за пократок период, тогаш постои реална можност одредени планирани товари да се одложат, без да се нанесат штети во работењето на компаниите. Како и да е, секој застој на товарниот сообраќај кој оневозможува навремена испорака на стоки до крајната дестинација, од која и да било причина, претставува значителен проблем за планираното тековно работење на компаниите кои редовно имаат извозно-увозни активности и негативно се одразува на стопанството во целина, соопштуваат од Стопанската Комора на Македонија.
Сообраќајот Велес – Гевгелија е поради дупки на бетонскиот мост под пругата.Екипи на македонски железници направиле увид и бараат решение за да може повторно да се воспостави сообраќајот на овој важен железнички коридор. Оваа пруга ја поврзува Европа со солунското пристаниште. Единствена линија на која во моментов возат возовите е Скопје – Велес и од западната страна до Кичево.
Виолета З. Стојановска