Прекинат трендот на илегална миграција од Србија кон Македонија

Во последните две недели драстично е опаднат бројот на обиди за илегално преминување на границите на Република Македонија, велат од Мвр. Во извештајот за човековите права на мигранитите, бегалците и барателите на азил на мрежата “Помош на рутата” за месец септември, во прифатните центри за мигранти во земјава има околу 100 мигранти, а во само една недела во септември биле регистрирани 420 бегалци, претежно од Пакистан, Авганистан, Иран, Ирак, Сирија и Алжир. Македонија и регионот не се соочуваат со големи бранови на мигранти, но е забележано зголемување на обидите за илегално преминување на македонско грчката граница, но и тренд на зголемување на бројот на мигранити  во обратен обратен правец, од Србија кон Македонија. Од МВР појаснуваат дека најчесто од Србија кон Македонија се враќаат мигранти од Иран поради визната либерализација која ја дозволила Србија за државјаните на Иран. Во моментов оваа миграција е прекината поради укинувањето на визната либерализација за државјаните на Иран.

Илегалната миграција, тероризмот и сајбер безбедноста се главните предизвици за безбедносните служби во идниот период на светско ниво, а со истите предизвици ќе се соочува и Македонија.

 

Јордан Дуков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ