
Прекинат бојкотот на машиновозачите
Прекинат е бојкотот на машиновозачите, кој траеше пет дена.
Товарниот сообраќај е нормализиран, а патничките возови ќе почнат да сообраќаат од полноќ.
МЖ Транспорт го прифати барањето на машиновозачите за зголемување на додатокот на плата за десет проценти и им вети подобри услови за работа.