
Топ Тема – Преговорите за законот за Јавно Обвинителство продолжуваат во четврток
Во четврток продолжуват преговорите на работните групи на СДСМ И ВМРО ДПМНЕ за Законот за јавно обвинителство.
Ова во вечерашната Топ Тема го соопштија преговарачите од двете партии.
И натаму пречка за договор е кој ќе раководи со Одделението за организиран криминал.
ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од барањето тие да го дадат предлогот.