Преговорите за името продолжуваат во Њујорк

Без уставната ревизија, договорот нема да дојде во грчкиот парламент, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос со што  потврди дека е на иста релацијата со лидерот на „Независни Грци“ Панос Каменос. Ние сметаме дека решавањето на ерга омнес, општото прифаќање на името и во внатрешноста и во надворешноста со уставна ревизија е еден од предусловите на пакет договорот. Ова е нешто што и ние го имаме потенцирано и за ова немаме разлики со „Независни Грци“, вели Катругалос..

Министрите за надворешни работи, на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, утре во Њујорк ќе ги продолжат преговорите со посредство на медијаторот на Обединетите нации, Метју Нимиц. Пред да замине во Њујорк, министерот Димитров на Фејсбук побара мудрост и нерви, пред да се сретне со неговиот грчки колега. Коѕијас пак рече дека треба да се прифати еден од предлозите на медијаторот Нимиц со што индиректно потврди дека Атина не размислува за последниот предлог, Република Илинденска Македонија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ