Преговорите во ќорсокак

            Нема преговори за новиот Закон за обвинителство. Од двете најголеми партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ велат дека работните групи се во комуникација, но термин за средба не е договорен. Не се исклучува можноста најчувствителните прашања од законот да се решаваат на лидерска средба, но опозицијата не отстапува од барањето паралелно да се разговара и за предвремени избори. Во ВМРО ДПМНЕ велат дека `се зависи од текот на разговорите во работните групи.

            ВМРО ДПМНЕ инсистира обвинителите од СЈО да се вратат на претходните работни места, обвинителката Вилма Русковска да не биде надлежна и за предметите на специјалното, подобра финансиска состојба за сите обвинителства. Иако повеќе пати најавуваше, опозицијата не поднесе законски предлог во Собранието. Во вторник на собраниска седница веќе е ставен предлог законот на Владата  и тоа со европско знаменце. Се предлага спојување на СЈО со постојното обвинителство за организиран криминал и автоматско преминување на сите обвинители во него. За донесување на Законот се неопходни 80 гласа, што во моментов власта ги нема.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ